Богдановиќ и Бјелица го прегазија Портланд, Дејвис го врати Лејкерс на победнички патеки

Кошаркарите на Сакраменто го совладаа Портланд со 107-99 со одличниот настап на српскиот тандем, додека Лос Анџелес Лејкерс на крилјата на Ентони Дејвис го решија Феникс.

Богдан Богдановиќ беше лидер на Сакраменто со 25 поени, три скокови и десет асистенции за 32 минути на паркетот, а Немања Бјелица во победата постигна 19 поени и 12 скокови со четири асистенции.

Лејкерс беше подобар од Феникс со 123-115, додека најдобар на теренот беше 24 поени и 12 скокови на Дејвис, а Леброн Џејмс го заврши мечот со 19 поени, седум скокови и 11 асистенции.

Атланта на средината на втората четвртина го презема водството против Денвер и успеа да слави со 125-121, а екипата на Никола Јокиќ пропушти шанса преку нова драма да дојде до пресврт.

Останати резултати:

Индијана – Оклахома 111-85
Филаделфија – Кливленд 98-97
Мајами – Детроит 117-108
Чикаго – Њујорк 120-102
Јута – Бруклин 119-114