Србинот Богдановиќ следните четири години во дресот на - Перо Антиќ!

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ договори трејд во Атланта хокс, па доби четиригодишна соработка вредна 72 милиони долари, а сега на потег е неговиот тим Сакраменто кингс.

„Кралевите“ имаат два дена за да ја израмни понудата и да го задржи одличниот кошаркар, со оглед на тоа дека тој е ограничено слободен кошаркар, па излезе на маркетот за да се бори за подобар договор.

Доколку Богдановиќ се пресели во Атланта, таму ќе го чека интересна екипа предводена од двајца одлични кошаркари Треј Јанг и Ражон Рондо, во која две сезони настапуваше неговиот голем пријател и во моментов прв човек на македонската кошарка, Перо Антиќ.