Бивш соиграч на Леброн Џејмс заврши како бездомник и често добива - ќотек! (ВИДЕО)

Поранешниот НБА-кошаркар Делонте Вест минува низ многу тежок период во својот живот. Вест настапуваше во НБА-лигата од 2004 година за Бостон, по што се пресели во Кливленд кавалирс, каде што играше заедно со Леброн Џејмс.

Вест последниот ангажман го имаше во 2012 година кога играше за Далас маверикс, а кариерата ја заврши во 2015 година во дресот на Тексас.

Во текот на кариерата водеше бурен живот и успеа да ги потроши сите пари кои ги зработи, а на крајот го допре дното и заврши како бездомник.

Поранешниот кошаркар често има проблеми на улица, па на интернет се појави и снимка на која се гледа како бил претепан на автопат.