Бивш НБА-кошаркар наскоро ќе го облече дресот на Хрватска!?

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин во текот на турнирот во Задар објави дека би можел да заигра за репрезентацијата на Хрватска.

Ларкин кажа дека размислувал да го облече дресот на Хрватска, а наскоро ќе биде познато дали тоа навистина ќе го направи.

„Вчера разговарав за таа идеја и можам да кажам дека сум занитересиран. Би било убаво да се настапи на Олимписките игри. Би сакал да го направам тоа за САД, но со оглед на ситуацијата, јас сум отворен и за идејата да настапувам за Хрватска“, вели Ларкин.

Ларкин во минатото настапуваше и за Далас, Бруклин, Њујорк, Басконија и Бостон.