Бивш НБА-кошаркар направи скандал: Не тепам жени, но би те удрил тебе!

Легендарниот НБА-кошаркар Чарлс Баркли испрати жесток коментар кон новинарката Алексеј МекКејмонд.

Баркли порача дека ако мора да удри жена, тогаш тоа би била новинарката.

„Само да знаете, Баркли вечерва ми кажа дека не удира жени, но ако го направи тоа, тогаш јас би била жртвата. Дадов приговор, а тој порача дека не знам да прифатам шега“, се брани новинарката.

Во текот на кариерата Баркли беше често критикуван поради неговото однесување, а во 1997 година зборуваше дека никогаш не би сакал меч во НБА-лигата да го суди жена.