Беше ѕвезда во НБА, играше со Леброн Џејмс - сега проси на улица за да преживее (ФОТО)

Делонте Вест во голем дел од својата кариера во НБА-лигата беше дел од тимови со високи амбиции. Играше во Кливленд со Леброн Џејмс, а потоа и во Бостон Селтикс. 

Сепак, проблемите надвор од кошаркарскиот терен го направија сиромашен бездомник. Вест беше познат по неконтролирањето конзумирање алкохол, а често користеше и најразлични наркотични средства. Тогаш се појавија и психичките проблеми, па кошаркарот остане без сè што стекна за време на својата осумгодишна кариера во НБА.

Првите знаци дека е во сериозни проблеми се појавија пред две години, кога еден навивачи го сретна на паркинг во алкохолизирана состојба. Последната фотографија од него е во Далас како проси за пари.

Неговиот поранешен тренер Док Риверс, како и Асоцијацијата на професионални кошаркари при НБА се обиделе да му помогнат, но информациите во американските медиуми се дека поранешниот кошаркар не сакал милостина и помош.