Батлер нема намера да продолжи со Филаделфија поради Лејкерс

Џими Батлер дефинитивно ќе одбие да потпише договор со Филаделфија, каде мина половина од оваа сезона во НБА-лигата. 

Поранешната ѕвезда на Чикаго и Минесота е интересна за Лос Анџелес лејкерс, кои се обидуваат да направат вистински ѕвезден тим околу Леброн Џејмс идната сезона. Лејкерс и натаму се во преговори со Њу Орлеанс за трејд на Ентони Дејвис, а добрата работа е што тимот од Лос Анџелес го доби четвртиот пик на годинешниот драфт, што отвора многу опции.

Интересно е тоа што првите предвидувања на обложувалниците за следната сезона се дека Лејкерс имаат највеќе шанси да ја освојат титулата.