Батлер си ја исполни желбата: Следна дестинација - Филаделфија

Џими Батлер конечно исфорсира трејд од Минесота. Цело лето бараше да си замине од редовите на Тимбервулфс, а желбата конечно му се испочни денеска откако тимот го трејдуваше во Филаделфија. 

Одличниот кошаркар сега ќе формира одлично трио со Жоел Ембид и Бен Симонс во редовите на Сиксерс, а во спротивен правец во Минесота ќе заминат тројца кошаркари, Дарио Шариќ, Роберт Ковингтон и Џерид Бејлис, како и пик од втората рунда во 2022 година.

Оваа сезона Батлер и покрај незадоволството играше одлично во дресот на Минесота со просечни 21,3 поени по натпревар и 5,2 асистенции.