Баркли: Ембид мора да го донесе својот дебел задник во форма (ФОТО)

Поранешната НБА ѕвезда, Чарлс Баркли, изјави дека најдобрите кошаркари на Филаделфија, Џоел Ембид и Бен Симонс мораат итно да се вратат во форма доколку сакаат титула во најквалитетната лига.

Баркли е познат како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња кои играа на позицијата крилен центар. Иако е низок. неговата кошаркарска интуиција и интелегенција, како и физичката подготвеност, придонесоа да има одлична кариера.

Филаделфија според мене е фаворит за титулата на Истокот. Додавањето на Ал Хорфорд во ростерот е одличен потег и очекувам заедно со Тобијас Херис да бидат се подобри и подобри. Сепак, играта ќе се сведе на Бен Симонс и Џоел Ембид, кои се фантастични кошаркари. Но, Ембид мора да го донесе својот дебел задник во форма, а Бен Симонс да поработи на својот шут, го образложи своето мислење Баркли.