Балканска работа: Јокиќ ќе остане без „олстар“ зашто сонародниците за негово добро не гласаат!? (ФОТО)

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ е вистински хит во САД со своите настапи за Денвер Нагетс, но пред се со своите потези, но во својата татковина Србија во последно време и не е баш најомилен. Причина – одбивањето да игра за репрезентацијата.

Јокиќ, роден во Сомбор моментно е 11-ти во гласањето за настап на „олстарот“ и тоа најмногу поради бојкотот од Србија. За разлика од Лука Дончиќ, кој воодушевува во својата дебитантска сезона и ја има поддршката од секаде низ Европа и во САД, Јокиќима проблем во татковината. И како што стојат работите нема ни да се пробие до место на собирот на сите ѕвезди.

Во Србија имаше повици да се гласа за Јокиќ за да игра на олстарот, но типично Балкански на тие повици воглавно коментарите беа – негативни.

„Нема да гласаме за него, зашто тоа е за негово добро. Не треба да игра на 'олстар', туку да тренира, да турка тракторски гуми, да јава коњи, па следната година ќе биде поподготвен и ќе игра. Тогаш ќе гласаме за него. Следната година ќе го гласаме, оваа само – тренинг“, е еден од коментарите зашто Србите не гласале за Јокиќ.

Друг е навреден што не играл за Србија.

„Нека игра за Америка и обака летото си го посветува само на себе“.