Австралија останува без својот најдобар кошаркар на Мундобаскетот во Кина

Репрезентацијата на Австралија ќе остане без еден од најдобрите кошаркари кога е во прашање Светското првенство во Кина. Иако важеше за селекција која ќе атакува на медал, со неиграњето на Бен Симонс драстично и се намалија шансите за таквото остварување.

Кошаркарот на Филаделфија го одби повикот за настап во репрезентативниот дрес, бидејќи потребен му е одмор по напорната сезона во најсилната лига на светот.

Минатата сезона Симонс бележеше во просек по 16.9 поени, 8.8 скока и 7.7 асистенции по натпревар.

Австралија на Мундобаскетот, кој се игра во септември се наоѓа во групата Х заедно со Канада, Сенегал и Литванија.