Австралија му покажа на светот како треба да се игра против препотентните Американци! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Австралија најавија ултра интересен Мундобаскет во Кина (31 август-15 септември), откако покажаа дека составот со кој САД ќе настапи на ова Светско првенство (СП) е повеќе од ранлив и тоа со поразот кој им го нанесоа во синоќешниот пријателски меч во Мелбурн.

За Американците ова беше крај на низата од 78 победи, со оглед што претходниот пораз на средбите на кои играле со НБА-играчи им беше во далечната 2006 година и тоа од Грција во полуфиналето на СП во Јапонија.

Селекцијата на САД во Кина ќе игра во група со Турција, Чешка и Јапонија, додека Австралијанците се во „групата на смртта“ со Литванија, Канада и Сенегал.