Антетокумпо како Супермен: Заби речиси од линијата за слободни (ВИДЕО)

Милвоки го прегази Детроит во првиот натпревар од плејофот со 121-86. Очекувано најдобар на паркетот за Бакс беше Јанис Антетокумпо.

Грчкиот кошаркар постигна 24 поени и имаше 17 скока, а играше само 24 минути. Еден од овие поени беше монструозно забивање, речиси од линијата за слободни фрлања.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

GIANNIS ALMOST TOOK OFF FROM THE FREE THROW LINE. 😱😱😱

A post shared by House of Highlights (@houseofhighlights) on

 Дури седум кошаркари на Бакс имаа двоцифрен ефект во нападот, па поради оваа одлична игра имаа и највисоко водство од 43 поени разлика. Лук Кенард со 21 поен беше најефикасен во редовите на Детроит.

Џејмс Харден го предводеше Хјустон до убедлив триумф од 122-90 против Јута за водство од 1-0 во меѓусебната серија. Кошаркарот на Рокетс постигна 39 поени и имаше 10 асистенции. Целата стартна петрока на домашниот тим натпреварот го заврши со двоцифрен ефект во нападот.

Портланд исто така со домашна победа ја отвори серијата против Оклахома откако славеше со 104-99. Демијан Лилард со 30 поени беше најефикасен кај Блејзерс, Енес Кантер имаше дабл-дабл од 20 поени и 18 скока, додека Си Џеј Мекалум реализираше 24 поени. Пол Џорџ со 26 поени и 10 скока беше најдобар кај Тандер, додека Расел Вестбрук постигна 24 поени.

На последниот натпревар на кој имаше нетипично малку поени, Бостон ја совлада Индијана со 84-74.