Американски средношколец даде 100 поени на кошаркарски меч (ВИДЕО)

Американскиот средношколец Џеј-Џеј Калвер влезе во историјата на НАИА-лигата, откако стана само вториот кошаркар кој успеал да стигне до неверојатни 100 поени на еден меч, откако синоќа имал неверојатно шоу под обрачите во триумфот на својата Вејланд Баптист Универзити во Тексас во победата против Саутвестерн Адвентист со 124-60.

Калвер на полувреме стигнал до 51 поен, а мечот го завршил со стотка, па во соблекувалната направил иста слика како легендарниот Вилт Чембрлен, кој е единствениот кошаркар во НБА што ја има минато магичниот трицифрен кошгетерски учинок.

За да стигне до стоткаа, Калвер шутна 62 пати, погоди 34 од своите шутеви од поле, а додаде 12 тројки од 33 обиди и имаше 20 од 27 погодени слободни фрлања. По мечот Калвер признал дека инспирација му бил Коби Брајант и неговите славни 81 поен од НБА во периодот кога легендарниот кошаркар играше во ЛА Лејкерс.