Американската кошаркарка поднесе жалба по одлуката на судот во Русија

Одбраната на американската кошаркарка Бритни Грајнер, која е осудена на деветгодишна затворска казна, испрати жалба на судската пресуда.

Грајнер беше уапсена на аеродром во Москва на 17 февруари, откако беше фатена со масло од канабис во нејзиниот багаж.

Рускиот суд ја осуди на девет години затвор, како и парична казна од 16.000 долари, откако Грајнер призна дека е виновна.

Вашингтон тврди дека Грајнер е неправедно приведена и понуди размена за неа со руски трговец на оружје.