Американка од руски затвор побара помош од Бајден

Американската кошаркарка Бритни Грajнер беше уапсена во февруари во Русија откако ѝ беше откриена дрога, а неколку месеци подоцна реши да му напише писмо на американскиот претседател Џо Бајден.

Кошаркарката го чека судењето во Русија, а во меѓувреме се појавија делови од писмото кое беше испратено до Бајден.

„Додека седам тука, во рускиот затвор, сама со своите мисли без заштита од сопругата, пријателите и семејството, страв ми е дека засекогаш ќе останам на ова место. На 4 јули, нашето семејство слави за нашата слобода, но ме боли што оваа година за мене е поразлично. Гласав за првпат во 2020 година. Гласав за вас. Верувам во вас. Ми недостига сопругата и семејството. Ви благодарам за сè што може да направите за да ме вратите дома“, напиша Грajнер.