Американците во шок: Владе Дивац среде бел ден пука со пушка во центарот на градот! (ВИДЕО)

Прославениот српски кошаркари и функционер во екипата на Сакраменто кингс, Владе Дивац, се најде во центарот на вниманието на американската јавност и тоа поради начинот на кој го прослави православниот Божик заедно со останатите од српската заедница во градовите Џексонвил и во Чикаго.

По традиција, Србите се собираат во овие два града и заедно пукаат од пушки, настан на кој годинава му се приклучи и Дивац, кој заедно со останатите пукаше во воздух и покажа завидно умеење во ракувањето со огненото оружје. По пукањето, сите заедно прво ги собираа испуканите куршуми, па заминаа во црква, а потоа и на гозба со печено прасечко.