Американците во шок: На Харден преку ноќ му го снема големиот стомак (ФОТО)

Џејмс Харден имаше фантастично деби во дресот на Бруклин нетс со трипл-дабл ефект, реализирајќи 32 поени, 14 асистенции и 12 скока, но тоа не беше причината поради која американската јавност остана шокирана.

Причина за тоа беше фактот што популарниот „Брада“ на паркетот се појави во своето старо издание, без големиот стомак со кој се појавуваше на средбите на Хјустон рокитс пред да биде трејдуван. Тие што го гледаа натпреварот не можеа да поверуваат како е дојдено до ваква трансформација во само неколку дена.

На социјалните мрежи веднаш се појавија теории на заговор, но и сеирџиски коментари од типот дека Харден додека играл за „ракетите“ носел костим на дебел човек, налик на тој што актерот Мартин Лоренс го носеше во филмот „Куќата на дебелата Мама“.