Американците го одбраа тимот за Кина, последна отпадна ѕвезда на ЛА Лејкерс!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД го соопшти конечниот состав со 12 кошаркари со кои Американците ќе настапат на претстојното Светско првенство (СП) во Кина (31 август-15 септември), од кој последен отпадна кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма.

Причина за ваквата одлука на селекторот Грег Попович е повредата на ѕвездата на „езерџиите“, поради што во последен момент мораше и него да ги избрише од тимот со кој ќе се обиде да ја задржи светската доминација.

Во дресот на САД на претстојниот Мундобаскет ќе настапат Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Џо Херис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон) и Дерик Вајт (Сан Антонио).

Американците во прелиминарната фаза се во група со Турција, Јапонија и Чешка.