„Ако не гласате за Лука Дончиќ во изборот за Олстар ќе си имате работа со полицијата!“ (ВИДЕО)

Велат дека во Тексас „ѓаволот ја однел шегата“, па така и треба да се сфати обраќањето на градоначалникот на Далас, Мајк Ролинг, до граѓаните на овој град во кое од нив бара да гласаат на Лука Дончиќ во изборот за настап на претстојниот олстар-дуел во НБА-лигата.

„Казната“ за негласање, според градоначалникот е имање работа со него и со полицијата.

„Имаме суперстар кој игра за Далас маверикс и ние мора да го одведеме до Олстарот. Затоа ми требате, да се приклучите на интернет и секој ден да гласате за Лука Дончиќ. Мора да го направиме тоа бидејќи тој игра за сите нас. Јасно? Ајде, направете го тоа! Ако не го сторите тогаш ќе си имате работа со мене и со полицијата“, вели Ролинг.

Дончиќ во моментов е меѓу играчите со најмногу добиени гласови, а делумно зачудувачки е што за него гласале повеќе фанови отколку за Стеф Кари од Голден стејт вориорс.