Адебајо потпишува нов неверојатен договор со Мајами

Мајами изминатата сезона беше најголемо изненадување во НБА-лигата со самиот пласман во големото финале, каде загуби од Лос Анџелес лејкерс. 

Пред почетокот на сезоната тимот успеа да потпише нов договор со искусниот Горан Драгиќ, а сега челниците на тимот работата на продолжување на соработката со Бам Адебајо.

Овој кошаркар имаше неверојатен напредок во својата игра изминатата сеозна, кога бележеше 15,9 поени и 10,2 скока по натпревар. Мајами ќе му понуди петгодишен договор вреден 163 милиони долари. Во договорот ќе има и клаузула со која тимот ќе се активира за максимален договор во висина од 195,6 милиони долари. 

Адебајо изминатата сезона беше олстар играч и веројатно еден од најзаслужните што Мајами прерасна во конкурент за титулата.