Жалгирис стигна до третото место на фајнлфорот во Белград

Литвански Жалгирис го освои третото место на годинешниот фајнлфор-турнир во кошаркарската Евролига, кој се игра во Белград по денешната победа со 79-77 против руска ЦСКА Москва во малото финале.

Во речиси израмнет меч, Жалгирис на полувреме замина со шест поени предност, а во средината на третата четвртина стигнаа до највисоките плус 14 (54-37) и многумина помислија дека тука практично и заврши мечот, особено што „армејците“ деуваа загубено, а Литванците стигнаа и до плус 20.

Но, наместо да биде чиста формалност последниот период, ЦСКА успеа да се врати во мечот, најмногу и поради „коцкањето“ на тренерот Јасикевичиус со резервистите. Русите се доближија на 73-78, па дури стигнаа и до шут за победа, но на крајот Жалгирис успеа да се одбрани и да запише победа и бронза.

Јанкунас и Мициќ со по 15 поени беа најефикасни во литванскиот тим, а Кулагин и Хантер дадоа по 14 кај ЦСКА:

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Фенербахче се игра од 20 часот.