Зенит ја совлада Басконија и почна да фаќа ритам во Евролигата

Зенит ја запиша петтата победа сезонава во Евролигата, откако денеска беше подобар на гостувањето кај Басконија со 77-70.

Басконија беше подобар противник на почетокот и ја доби првата четвртина со 13-10, но потоа екипите си ги заменија улогите, па гостинот од Санкт Петербург издоминира и на полувреме замина со предност од 34-28.

Во продолжение од второто полувреме се случија неколку пресврти, при што Басконија последното водство го имаше при 49-47, по што почна серијата на Зенит, кој на момент имаше и +17 (70-53), па на крајот успеа да слави со 77-70.

Матеуш Понитка беше најдобар во победничкиот тим со 18 постигнати поени.