Лука Дончиќ ја реши Црвена Звезда во последната секунда (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја совлада храбрата Црвена Звезда во Белград со 79-82 и тоа благодарение на тројката на Лука Дончиќ во последната секунда.

Совенецот уште еднаш докажа зошто го сметаат за најдобар играч во Европа и веројатно иден прв пик на НБА-драфтот. Дончиќ ја презеде одговорноста во последната секунда и погоди тројка за победа.

Натпреварот го заврши со 24 поени, девет скока и четири асистенции.