Втора младост: Перо Антиќ еден од најдобрите во триумфот против големата Барса!

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра одличен натпревар во дресот на Црвена Звезда и му помогна на својот тим да дојде до победа од 90-82 против Барселона. 

Антиќ за малку не стигна до дабл-дабл ефект и во победата на белградскиот тим учествуваше со десет поени и девет скока, а имаше и една асистенција. На паркетот мина речиси 18 минути и беше еден од најдобрите во таборот на победничкиот тим.

Црвена Звезда водеше во текот на целиот натпревар и комплетно ја заслужи победата против големата Барселона. Најефикасен кај „црвено-белите“ беше Тејлор Рочести со 22 поени, додека Матиас Лесор постигна 13 поени. Кај Барселона, Кевин Серафин со 16 поени беше најдобар стрелец.