Втор триумф во Евролигата: Звезда убедлива против Химки

Кошаркарите на Црвена звезда ја забележаа втората победа во 5. коло во Евролигата, откако на домашен терен славеа против Химки со 90-78.

Домашниот тим од почеток до крај ја имаше резултатсата контрола на мечот и сосема заслужено дојде до нова победа во елитното натпреварување.

Овој триумф можеше да биде изразен и со повисока разлика, но „црвено - белите“ го намалија силниот ритам кој го имаа во првите три четвртини (22-18, 22-19, 30-15, 10-22).

Најефикасен во победничкиот тим беше Борис Симаниќ со 18 поени, додека на спротивната страна Алексеј Швед постигна 14 коша.