Втор пораз по ред на Хувентуд во Еврокупот, само четири поени за Димитријевиќ

Хувентуд загуби од Уникаха со 90-77 во петтиот меч од групата Е во Еврокупот, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ помина девет минути на теренот и постигна четири поени.

Екипата на Димитријевиќ издржа само едно полувреме против Уникаха (41-40), но нивниот пад почна во финишот на третата четвртина, кога ривалот избега на пет разлика (65-60).

Хувентуд покажа заби на почетокот на последната четвртина, кога намали на два поени (65-67), но потоа Уникаха фати жесток ритам и како минуваше времето, така го полнеше кошот на својот противник до конечни 90-77.

Хувентуд по пет одиграни меча има три победи и два порази и се наоѓа на втората позиција, а пред нив е Монако со четири триумфи и еден пораз.