Во Италија размислуваат кошаркарската сезона да ја играат на – отворено!?

Италијанците најдоа потенцијално решение за продолжување на кошаркарската сезона.

Клубовите во оваа земја размислуваат да го вратат спортот во своите корени и да играат на отворено поради ситуацијата со коронавирус.

Размислуваме да го вратиме овој спорт во своите корени се со цел повторно да започнеме да играме натпревари. Ако државата тоа го дозволи, би можеле да играме на отворено ова лето. Нашиот спорт е погоден за тоа, истакна претседателот на Кошаркарската федерација на Италија, Џани Петручи.

Со оглед на забраната за играње натпревари и тренинзи во сала, ова би бил идеален начин за продолжување на кошарката. Доколку овој модел се оживее во Италија, и нашата Федерација би можела да го примени овој модел, иако засега е најавено дека сезоната ќе заврши без шампион, односно испаѓање.