Виртус Болоња прва ги искористи промените во Евролигата – си купи вајлд-карта за идната сезона!

Италијански Виртус Болоња, кој последен пат беше дел од европскиот кошаркарски крем пред повеќе од една деценија (сезона 2007/08) од идната сезона повторно ќе биде дел од елирната Европлига, откако си Италијанците си купиле вајлд-карта за настап.

Најугледниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави дека амбициозниот тим од Болоња веќе ја букирал вајлд-картата и тоа за сезоната 2020/21, зашто за новата сезона веќе се пополнети местата. Инаку тренер на Виртус е српскиот селектор, легендарниот Саша Ѓорѓевиќ, а летово во тимот дојдоа Милош Теодосиќ, Стефан Марковиќ, Винс Хантер...

Италијанскиот тим лани ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, а во новата сезона ќе играат в Еврокупот.