Виртус Болоња ги елиминираше Хувентуд и Димитријевиќ од Еврокупот

Хувентуд го заврши својот пат на Еврокупот во четвртфиналето, откако вечерва беше поразен по вторпат од Виртус Болоња (78-84) за само неколку дена и тоа значеше елиминација од натпреварувањето.

Шпанскиот тим имаше почетно водство од 8-5, но Виртус набрзо влезе во добар ритам и ја доби првата четвртина со 19-14, а на полувреме замина со убедливи 43-31.

Предноста на италијанската екипа растеше и до +23 (55-32), по што Хувентуд почна да се буди и направи пресврт на средината на последната четвртина (72-71), но тоа не беше доволно бидејќи гостите триумфираа со 84-78.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна седум поени за Хувентуд, додека на спротивната страна Кајл Вимс постигна 18, а Милош Теодосиќ 17 поени.