Важна победа на Фенербахче во Тел Авив, Реал Мадрид безмилосен кон Баерн

Кошаркарите на Фенербахче на гости кај Макаби Тел Авив триумфираа со 75-65, додека Реал Мадрид беше сигурен против Баерн Минхен со 100-82.

Макаби одлично го отвори мечот и поведе со 13-4, но турскиот тим успеа да се соземе од почетниот шок и набрзо да внесе неизвесност во дуелот, по што домаќинот замина на полувреме со три поени предност.

Фенербахче тргна фуриозно во вториот дел, па избраниците на Игор Кокошков го скршија противникот и ги поставија конечните 75-65. Најдобар кај турскиот тим беше Диксон со 17 поени, а Де Коло додаде 13.

Реал Мадрид во последниот меч вечерва триумфираше со убедливи 100-82 против германски Баерн, а најдобар во триумфот на шпанскиот гигант беше Керол со 19 поени.