Уникаха подобра од Фенербахче, Милано „падна“ на продолженија

Одличен натпревар беше одигран во 30. коло од Евролигата во Истанбул помеѓу екипите на Фенербахче и Уникаха, а до победа стигнаа гостите по продолженија со 91-99.

Натпреварот одлично го започнаа гостите, откако првата четвртина ја освоија со 14-22, а потоа ја зголемија предноста на полувремето на 36-47.

Во вториот дел домаќините се разбудија и се обидоа да се вратат во игра, па го намалија резултатот во третата четвртина за три поени, а до крајот на регуларниот дел успеаа целосно да ја елиминираат предност на гостите.

Натпреварот се играше во продолженија, на кои подобри беа Уникаха со 16-8, односно конечни 91-99. Најефикасен кај гостинската екипа беше Немања Недовиќ со 31 постигнат поен додека кај домашните Костас Слукас постигна 26.

Останати резултати:

Милано – Панатинаикос 95-96
Барселона – Кимки 86-82
Басконија – Анадолу Ефес 79-81