Трагедија во Франција: Кошаркар пронајден мртов во својот апартман!

Тажна вест ја потресе кошаркарска Франција, откако денеска американскиот кошаркар Џермејн Маршал, кој играл за Нант починал во својот апартман.

Засега нема информации од што починал 28-годишниот кошаркар на Нант во втота француска лига. Маршал претходно играл и во Италија, Грција, Холандија и Финска.

Обдукцијата ќе покаже од што починал Џермејн.