ТФТ на домашен терен ќе игра за место во Лигата на шампионите

Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија, екипата на ТФТ, ќе биде домаќин на еден од квалификациските турнири за место во Лигата на шампионите на ФИБА.

Европската кошаркарска влада денеска соопшти дека го одбра скопскиот тим како еден од организаторите на четирите турнири, кои треба да ги донесат последните четири учесници во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Натпреварите во квалификациската група А ќе се играат во салата „Борис Трајковски“ од 21 до 25 септември, но по принцип на елиминации, сличен на македонскиот завршен турнир во Купот, на кој токму ТФТ триумфираше. Во првото, четвртфинално коло, ТФТ ќе игра против германскиот Кемниц, а ако победи, во полуфиналето ќе го очекува швајцарскиот Фрибург Олимпик.

Целта е да се слави и во финалето, во конкуренција уште на Лестер рајдерс (Велика Британија) и Волунтари, кои играат во второто четврт-финале и Тофаш од Турција кој како привилигиран ќе чека во полуфиналето. Поразените тимови ќе имаат право да настапат во Евро-купот на ФИБА.