Судиите со соопштение кое ќе го налути Реал: Извинете, згрешивме!

Барселона во шпанскиот Куп во драматичен финиш по продолженија го совлада Реал Мадрид со 94-93, а тоа беше меч со многу пресврти, посебно во последните моменти кога судиите одиграа главна улога.

Прво при резултат 92-90 за Барселона, Синглтон беше изблокиран, а судиите ништо не судеа, иако тоа беше очигледен прекршок врз кошаркарот на Барселона.

Керол потоа во напад на Реал погоди и доби дополнително слободно фрлање за водство од 93-92 на Реал, а Барселона во последниот напад беше изблокирана, а судиите досудија дека ќе важи кошот и така Каталонците славеа.

Во Реал беа бесни по натпреварот и дури се заканија со истапување од лигата. А, сега се огласи и Здружението на кошаркарски судии во Шпанија.

„Признаваме дека постоеа сериозни грешки во завршницата на натпреварот. Ќе ја прифатиме одлуката на лигата за тие грешки. Сакаме да ја продолжиме соработката со лигата во поглед на техничка подготовка на судиите“, соопштија од здружението.

Тие се надеваат дека повеќе такви грешки нема да се повторуваат.