Стигна потврда од рускиот тим: Ѕвездата на ЦСКА Москва заврши во изолација

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Мајк Џејмс, кој ги брани боите на московска ЦСКА, се наоѓа во изолација поради коронавирусот.

Ова го потврди и претседателот на „армејцијте“ - Андреј Ватутин.

Мајк Џејмс е во карантин и под постојан надзор на нашите лекари, потврди Ватутин.

Американскиот плејмејкер беше на вечера со колегите од Локомотив од Кубан по нивниот меч против естонски Калев во регионалната ВТБ лига, чиј асистент тренер е заразен со Ковид-19.