Србинот Мициќ – МВП на фајнлфорот во Белград

Српската кошаркарска ѕвезда Василие Мициќ ја доби наградата за најкорисен кошаркар (МВП) на фајнлфорот во Евролигата во Белград, после победата на Анадолу Ефес против Реал Мадрид во финалето со 58-57 за втора титула по ред за турскиот клуб.

Мициќ повторно блескаше и беше лидер и предводник на Ефес, постигна 24 поени, меѓу кои и неколку клучни тројки, па откако погоди за пласман во финалето со тројка во последната секунда во полуфиналната пресметка со Олимпијакос, сега повторно беше еден од клучните играчи и за новата титула.

Мициќ и лани беше лидер на Ефес, беше МВП на сезоната во Евролигата и го водеше овој клуб до европската круна, а сега повторно беше херој за одбрана на европскиот трон.