Срамна провокација: Кошаркарите на Макаби во Истанбул пречекани со - нацистичка порака! (ФОТО)

Кошаркарите на Макаби Тел Авив вчера во Истанбул биле пречекани со голема провокација пред вечерашниот дуел со Дарушафака во рамки на Евролигата. 

Во хотелот во кој престојувале во турскиот град, Израелците ги пречекал слоган кој потсетува на холокаустот на Евреите за време на Втората светска војна. На еден од прозорците била залепена налепница со слоганот, „Работата ослободува“. Овие зборови во минатото биле испишани на концентрационите логори во кои биле убивани Евреите за време на Втората светска војна. 

„Кога влеговме во хотелот наидовме на налепница со напис, 'Работата ослободува'. Секако дека тоа предизвикува многу асоциации, во прашање се сериозни работи и за нив не смее да има место во спортот“, напиша Макаби Тел Авив на својот „Твитер“-профил.