Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Армани Милано на гостински терен со 77-67, во рамки на 12. коло во Евролига.

Тимот од Белград со фантастична игра во одбраната и уште подобар шут за три поени славеше на гостувањето во Италија.

Лоренцо Мраун повторно беше на висина на задачата забележувајќи 21 поен.

Ова е трета победа во низа за „црвено - белите“ во Еврлига, а наредниот четврток во Белград го дочекуваат тимот на Басконија.

На преостанатите три натпревари, СЦКА (М) славеше на домашен терен против Жалгирис со 85-82 (по продолжение), Макаби ТА го прегази Баерн со 77-55, додека Реал Мадрид беше подобар во шпанската пресметка против Валенсија со 111-99.