Скандал во најава: Шпанците ќе им забранат на своите тимови да играат во Евролигата!

Врховниот спортски совет во Шпанија наскоро би можел да направи нешто што малкумина би можеле да се понадеваат дека е можно, а тоа е да им забрани на кошаркарските екипи од оваа земја да играат во Евролигата.

Според „Ас“, шпанското Министерство за надворешни работи му дало одврзани раце на советот да размисли за можност на Реал Мадрид, Барселона, Уникаха и на Басконија да им забрани да играат евролигашки средби во термините кои се совпаѓаат со репрезентативните прозорци на ФИБА. Причина за тоа е желбата овие клубови да ги пуштат своите играчи да играат за Шпанија во квалификациите за СП 2019.

Ваквата ситуација засега е малку веројатна, но е показател до каде е отидено во војната помеѓу ФИБА и УЛЕБ.