Шок во Каталонија: Миротиќ во аут до крајот на годинава!

Шпанска Барселона се најде во сериозен проблем откако остана без својот најдобар кошаркар до крајот на годинава, а новата сезона не е ни започната.

Никола Миротиќ, кој во минатата сезона не пропушти ниту еден меч и имаше просек од 16,9 поени, 5,2 скока и 1,4 асистенции по меч сега ја повредил ахиловата тетива и сега го чека долга пауза од најмалку пет месеци, па за него оваа календарска 2022 година е завршена.

Според „Јурохупс“, Миротиќ дефинитивно нема да игра во првиот дел од сезоната во Евролигата, како и воведниот дел од АЦБ-лигата.

Најавите се дека Крис Синглтон сега ќе ја пополни позицијата на крилен центар кога веќе Барса нема да може да смета на Митотиќ.