Сензација: Фантастичната Ц. Звезда му ја симна круната на „кралот“ среде Мадрид!

Кошаркарите на Црвена звезда одиграа фантастичен натпревар и како гости го совладаа фаворизираниот Реал Мадрид (79-77), во одложениот натпревар од 19. коло од Евролигата, кој не се одигра минатата недела поради снежната бура што ја зафати шпанската престолнина.

Црвено-белите одиграа паметно и максимално агресивно, а згора на тоа уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и водството. Домаќинот се врати во игра во вториот период, но белграѓани повторно блеснаа во второто полувреме, во кое дојдоа и до предност о 12 поени (70-58). Тоа не беше причина да нема драматичен финиш и пенал-завршница во која гостите подобро се снајдоа и дојдоа до седмата победа во 20. меч сезонава во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Кори Волден со 18 поени и Огњен Добриќ со 13 поени беа најпрецизни кај Црвена звезда, додека Руди Фернандез со 11 поени беше најдобар кај Реал Мадрид, каде што одлична партија прикажа плејмејкерот Лапровитола со 10 поени и 10 асистенции.