Се роди ли новиот Џинобили: Аргентинец за едно полувреме даде 78 поени!

Франциско Зустович, 13-годишниот аргентински кошаркар, стана главна тема на светските медиуми благодарение на тоа што постигна 78 поени за само 20 минути поминати на паркетот.

Младиот кошаркар за два поени погоди 29 удари од 33 шанси, една тројка, а имаше и 17 од 26 од линијата за слободни фрлања.

Неговиот клуб Пенарол и покрај блескавата игра на младиот кошаркар загуби од Боливар де Карлос плаза со 112-113, но се поставува прашањето дали ќе беше така ако кошаркарот играше повеќе од 20 минути.

Во категоријата до 13 години аргентинските кошаркари на теренот смеат да поминат најмногу 20 минути, а сигурно Зустович ќе стигнеше и до 100 поени ако играше подолго.