Сценарио од кое сите се плашеа: Крај на Евролигата и Еврокупот!?

Сите љубители на кошарката нетрпеливо ја исчекуваат олуката кога ќе продолжат натпреварите во Евролигата и Еврокупот, сепак шпански портал од Малага пишува дека сезоната нема да продолжи во елитните натпреварувања.

Раководството на Евролигата заедно со клубовите треба да ја донесе конечната одлука во Барселона на 24 мај, а според шпанскиот портал кој добил информации од Уникаха, натпревари повеќе нема да има.

„Шпекулациите се гласни. Нема да биде комплетирана сезоната во Евролигата и Еврокупот. Сè останато би било изненадување“, сметаат Шпанците.

Се шпекулира дека основа причина за таква одлука е тоа што поголем дел од тимовите се против продолжување на сезоната.