Сашо Филиповски е пред отказ од клупата на Монако

Челниците на кошаркарскиот клуб Монако размислуваат да му врачат отказ на тренерот Сашо Филиповски поради слабите резултати сезонава, пишува „Лекип“. 

Филиповски со својот тим моментално е на шестата позиција на табелата во францускиот шампионат, додека тимот испадна од плеј-офот од Еврокупот. 

Тренерот кој има македонско потекло пристигна во кнежевството изминатото лето и потпиша договор до 2020 година. Тој претходно беше тренер на Банвит, Зјелона Гора, Унион Олимпија, Лотоматика Рома, Локомотив Ростов, а беше и помошник во гигантот ЦСКА Москва.