Реал собира екс-ју екипа, по Џанан Муса дојде и Марио Хезоња!

Актуелниот кошаркарски шампион на Шпанија, Реал Мадрид, донесе уште едно засилување од екс-ју просторите во ово летен преоден рок, откако порано месецов се засили со Босанецот Џанан Муса.

Нов кошаркар на „кралевите“ е Хрватот Марио Хезоња, 27-годишното хрватско крило (203 цм), кое, иронично, кариерата ја почна во Барселона, на свои 17 години. По три сезони во вториот, па во првиот тим на Каталонците, во 2015 година беше драфтуван во тимот на Орландо Меџик, во НБА-лигата, каде што мина три сезони. 

Меѓутоа ни таму, ни потоа во Њујорк и во Портланд, каде што одигра по една сезона, не ги исполни предвидувањата за неговата кариера. Минатата сезона се врати во Европа, божем во Панатинаикос, каде што не се снајде и вистинскиот ритам, конечно, го најде во екипата на УНИКС Казан.

Со просек од 18,9 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенција по натпревар, беше прогласен за МВП на ВТБ-лигата, а беше еден од главните кошаркари на УНИКС и во Евролигата, каде што бележеше 14,2 поени и 6,1 скок по меч.