Реал со доминантен триумф против Дарушафака во Мадрид!

Реал Мадрид „кралски“ ја почна Евролигата, откако против својот ривал од Турција, Дарушафака, постигна дури 109 поени во триумфот.

„Кралевите“ го почнаа фантастично дуелот, па по првата четвртина имаа предност од 25-18, а таа на полувремето порасна на 53-38.

Во третата четвртина разликата растеше уште повеќе, па Реал имаше предност од 91-69, но на крајот гостите успеаа да го намалат поразот на 109-93.

Најдобар кај „кралевите“ беше Ентони Рендолф со 16 постигнати поени, а кај гостите најефикасен беше Реј МекКалум со 18 поени.