Реал Мадрид со рутински триумф против Олимпијакос

Реал Мадрид одигра сигурен натпревар против грчки Олимпијакос во 18. коло од Евролигата и запиша нов триумф од 94-78.

„Кралевите“ по првата четвртина имаа предност од 28-23, а до полувреме зголемија на 54-46. Олимпијакос не успеа да намали ниту во продолжението од мечот, па Реал триумфираше со 94-78.

Ентони Рендолф беше најефикасен кај шпанската екипа со 16 постигнати поени, додека кај Олимпијакос најдобар беше Зек Лидеј со 15 поени.