Реал Мадрид го „нокаутираше“ Панатинаикос среде Атина

Реал Мадрид оствари важен триумф против Панатинаикос, откако денеска славеше со 89-82 во Атина, па така стигна до третата победа во плејоф-серијата и се пласираше на Ф4.

„Кралевите“ за само неколку минути создадоа предност од 12-4, но домаќините се освестија, па со серија од неколку поени направија пресврт за 16-14. Сепак, Реал го врати водството и поведе со 23-18 на крајот на првата четвртина.

Во втората четвртина се водеше голема борба, а Реал на почетокот го одржуваше водството, но потоа следуваше пресврт и предност на Панатинаикос на полувреме од 41-36.

Панатинаикос не ја испушташе предност до самиот финиш на третата четвртина, кога Реал Мадрид израмни на 58-58, по што победникот беше решен во последниот период, кога „кралевите“ ги поставија конечните 89-82.

Ник Калатес беше најдобар кај Панатинаикос со 17 постигнати поени, а кај Реал Мадрид по 16 поени постигнаа Руди Фернандез и Факундо Кампацо.