Реал го држи чекорот со Ефес: „Кралевите“ му покажаа кој е главен на Олимпијакос

Реал Мадрид ја запиша десеттата победа сезонава во Евролигата откако на домашен терен беа подобри од грчки Олимпијакос со 93-77.

„Кралевите“ уште во првата четвртина покажаа дека се фаворит за победата откако ја добија со 21-10, а на полувреме заминаа со предност од 41-30.

Во вториот дел Реал притисна против Олимпијакос и зголеми на 72-48, а до крајот играа со неколку ротации во тимот и лесно победија со 93-77.

Ентони Рендолф и Факундо Кампацо постигнаа по 15 поени за „кралевите“, додека кај Олимпијакос најефикасни беа Саша Везенков и Антониос Кониарис со по 12 поени.

Во последниот меч за вечерва славеше Макаби Тел Авив над ЦСКА Москва со 90-80.